Ахмети: Парламентарното мнозинство е стабилно

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, уверува дека парламентарното мнозинство е стабилно, но постои пристап за тоа да се зголеми.

„Парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа“, изјави денеска Ахмети.

Во однос на тоа дека со бунтот на „огнената“ група во ДУИ би можеле да се намалат пратениците од пратеничката група на интегративците односно на мнозинството, Ахмети тврди дека евентуалниот влез на нови партии не е поврзан со случувањата во неговата партија.

„Ова нема никаква врска со ‘огнената група’“, коментира Ахмети.