Почина три годишно девојче во Париз,пронајдено во машина за перење

Почина три годишно девојче во Париз, кое било пронајдено во машина за перење во станот на нејзиното семејство.Властите во Париз спроведоа истрага.Истрагата е предводена од специјална единица за заштита на малолетници, јавува Анадолија.

„Во петокот беше отворена истрага за причините за смртта, откако во четвртокот вечерта беше откриено детето во североисточниот дел на Париз“, соопштија од париското обвинителство.

Обвинителството не соопшти повеќе детали и не го потврди известувањето на дневниот весник „Ле Паризиен“ дека таткото на девојчето и уште еден член на семејството го пронашле девојчето живо во машината за перење и дека таа починала во итната помош еден час подоцна, пренесува N1 БиХ.