Масакр во Јута – си ја убил жената и петте деца, па самиот си пресудил

Извесен Мајкл Хајт (42) од Јута (САД) уби седум членови од своето семејство во својот дом во средата пред да се самоубие, соопштија властите.

Мајкл Хајт, неговата сопруга Тауша Хит (40) и мајката на Тауша, Гејл Ерл (78) се пронајдени мртви во домот, соопштија властите во Енох Сити, југозападна Јута, околу 450 километри североисточно од Лас Вегас. Убиени се и петте деца на двојката, на возраст од 4 до 17 години, јавува NBC News.

Градот го именуваше Мајкл Хајт како главен осомничен во соопштението од четвртокот.

Тауша Хајт поднесе барање за развод кон крајот на декември, изјавија официјални лица на прес-конференција, без да кажат дека тоа е фактор за смртта.

„Истражителите во моментов веруваат дека нема други осомничени. Доказите сугерираат дека осомничениот си го одзел животот откако убил седум лица во домот“, се вели во соопштението.

Децата беа идентификувани само по возраст и пол: женско на 17 години, женско на 12 години, женско на 7 години, машко 7 години и машко 4 години.

Загриженото семејство и пријатели повикале полиција во куќата за да провери што се случува во средата околу 16 часот.

Градоначалникот на Енох Сити Џефри Честнат рече дека инцидентот ја потресе целата заедница од околу 7.500 жители.