Бербок: Поединечните членки не треба да ги блокираат одлуките на ЕУ

ЕУ повеќе не може да си дозволи нејзините поединечни членки да ги блокираат нејзините одлуки, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас. Треба да бидеме способни да дејствуваме брзо и ефикасно – изјави Бербок при посетата на португалскиот главен град Лисабон, пренесува Ројтерс.

Таа посочи дека членките на ЕУ често не можат ниту да изготват соопштение за медиумите, бидејќи не можат да се договорат за времето на неговата содржина.