За Мурињо Пеле, Марадона, Меси и КР7 се неважни, бразилскиот Роналдо е најголемиот!

Можете да го сакате, можете да го мразите, но Жозе Мурињо никогаш никого не остава рамнодушен.

Португалецот поради успесите, но и изјавите и начинот на работа го доби прекарот „специјален“, а сега најде начин повторно да ја шокира планетата.

Тој ги изненади сите со изборот за најдобар играч во историјата на фудбалот. Пеле, Марадона, Меси и Кристијано Роналдо останаа небитни – за Мурињо има еден фудбалер кој е на прво место.

– Бразилецот Роналдо е најдобар на сите времиња. Кристијано Роналдо и Лионел Меси имаат кариери кои траат подолго и се на врвот цели 15 години. Меѓутоа, ако зборуваме исклучиво за талент и умешност, никој не може да го надмине Роналдо – изјави Жозе Мурињо, а потоа додаде:

– Разбрав дека Роналдо е најдобриот фудбалер што сум го видел на теренот. Потоа го видов во Барселона со Боби Робсон. Повредите му ја уништија кариерата, што можеше да биде неверојатно. Сепак, талентот кој тогаш 19-годишниот бразилски фудбалер го имаше во Барселона беше нешто неверојатно.

Роналдо (46) во својата кариера настапуваше за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал, Милан и Коринтијанс. Играчката кариера ја заврши во 2011 година. За репрезентацијата на Бразил постигна 62 гола на 98 натпревари.

Повредите го спречија да даде многу повеќе и да направи уште подобра кариера, но и денес останува запаметен како еден од најдобрите напаѓачи и фудбалери на сите времиња.