Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави денеска дека новогодишната ноќ поминала мирно во однос на безбедноста и дека 500 лица се приведени низ целата земја, пишува весникот Монд.
„Немаше поголеми инциденти. Приведени се 500 лица на целата територија“, рече Дарманен и додаде дека се распоредени 90.000 полицајци и жандарми, од кои 5.400 се во Париз околу авенијата Шанзелизе каде беше организиран дочекот.
Во Париз, околу два милиони луѓе славеа на улиците. По двегодишна пауза беше организиран огномет.
Дарманен рече дека нивото на терористичка закана останува високо во Франција и дека неодамнешното убиство на тројца Курди во Париз е доказ дека е неопходна постојана будност на полициските сили.