На новогодишната прослава ноќеска на сплавот „Фристајлер“ во Белград се случил инцидент, до половина потона, а полицијата ги евакуираше сите гости и го забрани пристапот до сплавот.
На местото биле испратени две екипи на Брзата помош.
Како што пренесуваат дел од српските медиуми, за време на инцидентот луѓето кои биле внатре панично почнале да бегаат.
View this post on Instagram
Како што информира Танјуг, сплавот почнал да тоне бидејќи на него имало многу повеќе луѓе отколку што навистина можело да собере.
Според полицијата нема повредени, освен што две девојки се сопнале при стампедото кое се случило додека гостите панично го напуштале сплавот.