Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Станува збор за новороденче од машки пол, тешко 3.720 грама и долго 51 сантиметар, потврдија од Клиниката.
На свет го донесе 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани, а тоа е нејзино прво дете.