
Оливер Спасовски е министер со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тoj најдобро ја врши својата работа.
Според резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ на прашањето „Кој министер во Владата најдобро ја врши својата работа“ испитаниците најголема доверба искажале кон премиерот Димитар Ковачевски. Веднаш зад премиерот на листата е министерот Оливер Спасовски.
Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.