Дојави за бомби во неколку банки во Сараево

Сараевската полиција добила дојави за поставени бомби во канцеларии на филијали на неколку банки во Сараево, во БиХ. Припадници на полицијата во моментов се на терен и вршат истрага.

„Полицијата на Кантонот Сараево утринава била известена дека неколку деловни единици на одредени банки на подрачјето на Кантонот Сараево добиле по електронска пошта дојава за наводно поставена бомба, а во врска со тоа се преземени мерки и дејствија“ – изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ.

За дојавите е информиран дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.