Зеленски: Се подготвуваме за сите можни сценарија со Белорусија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена за сите можни одбранбени сценарија против Москва и нејзиниот сојузник Белорусија, во време кога рускиот претседател Владимир Путин патува во Минск, а руските војници стационирани таму се подготвуваат за вежби.

Официјални лица во Киев со месеци предупредуваат дека соседна Белорусија би можела да им се придружи на руските сили и уште еднаш да послужи како лансирна рампа за нов напад и формирање на втор фронт во повеќемесечната војна, пренесува Ројтерс.

„Заштитата на границите, и со Русија и со Белорусија, е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија“, рече Зеленски по состанокот на украинските воени лидери во неделата.