
Промените кои се во тек и во Русија и во целиот свет се на подобро, изјави денес претседателот на Русија Владимир Путин во видео обраќањето на Првиот конгрес на руското движење на децата и младината.
„Не проживува во моментов само Русија големи промени, целиот свет се менува. Верувам дека тие промени се на подобро“, кажа тој.
Путин истакна дека се надева дека отвореноста и решителноста на Русија ќе го направат светот поправеден.
„Свет во кој сите народи се навистина еднакви, каде секој човек има право да ја почитува, да ја следи својата традиција, да зборува на својот мајчин јазик, да ги почитува предците, каде секој има можност за самоостварување без оглед на условите во кои пораснал, на своето потекло“, истакна претседателот на Русија.