Сопругата на легендарниот Синиша Михајловиќ, Аријана Рапачони Михајловиќ повторно се огласи на Инстаграм и објави семејна фотографија со тажен опис.
– Љубов, ти ветив… Не грижи се, јас ќе се грижам за нив. Нашето најголемо ремек дело. Никогаш нема да престанеме да те сакаме“ – напиша Аријана.
View this post on Instagram
Таа со насмевка се присети на деновите поминати заедно со ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Душан, Мирослав и Николас.
Аријана вчера за првпат проговори по смртта на познатиот фудбалер и тренер на 53-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.
„Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе отсечам многу ѕвезди од сеќавањето, тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“ – напиша сопругата на Синиша Михајловиќ.
Погребот на легендарниот фудбалер ќе се одржи во понеделник во Рим.