Над 20 загинати на протестите во Перу

Со цел да најдат решение, властите на Перу одржаа разговори на највисоко ниво за продлабочената политичка криза предизвикана од смената на претседателот Педро Кастиљо. Тој беше уапсен на 7 декември откако го распушти парламентот и притоа се обиде да изврши државен удар.

Пред состанокот на Државниот совет, министрите за образование и култура поднесоа оставка поради насилните протести низ земјата.Во нив досега загинаа најмалку 20 демонстранти.

Околу 5.000 туристи се заглавени во историскиот град Куско, откако локалниот аеродром беше затворен среде протестите. Приврзаниците на Кастиљо продолжија да ги блокираат клучните патишта.

Во четвртокот, осум луѓе загинаа во судирите помеѓу безбедносните сили и демонстрантите во градот Ајакучо, кои уследија откако врховниот суд му изрече 18-месечен притвор на Кастиљо.
Против него се води истрага за побуна и заговор. На протестите се бара затворање на Конгресот, оставка на претседателката Дина Болуарте и вонредни избори.