Ејуп Рустеми денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската управа за патишта, Евис Бербери, на која разговараа за имплементацијата на неколку клучни проекти како што е проектот за Коридор 8 и Граничен премин „Ќафасан-Струга“.
Бербери го запознал својот соговорник со проширувањето на патниот правец од Елбасан до граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, на кој градежните работи се веќе почнати.
-Овој проект е важен за зајакнување на нашите земји преку побрз пристап, олеснување на циркулацијата на возила, олеснување на услугите и стоките, давајќи суштински развој на економијата на двете земји, рекол Бербери, јави албанската државна агенција АТА.
На средбата двајцата директори разговараа и на други теми кои се од интерес на двете држави. Се договориле средбите од овој тип да продолжат и понатаму со цел поефикасно инфраструктурно поврзување на двете земји.