Сите дојави за бомби и денес лажни

Сите закани за бомби се лажни.

Завршени се проверките на скопскиот аеродром, трговскиот центар “Ист гејт”, хотелите “Мериот”, “Сенигалија”, салата “Борис Трајковски”, стадионот “Тоше Проески:, ФФМ, училиштата во Битол.

Полицијата утврди дека станува збор за лажни пријави.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.