Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година.
Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, по 15 добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години беа изречени за Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова.
Одлуката на Aпелацискиот суд сè уште не е јавно достапна, а во која треба бидат наведени причините зошто тричлениот Совет при овој суд одлучил да ја укине пресудата, и предметот одново да се врати на почеток во кривичниот суд.
Одлуката ја донесе петчлен судечкиот совет со Џенета Бегтовиќ како прва судијка, Владимир Туфегџиќ како втор и уште тројца поротници. Сите обвинети, освен бегалците Грујевски и Бошковски, ја слушнаа пресудата во судница.
Основниот кривичен суд во Скопје задолжи и четворица од првостепено осудените да ја надоместат штетата за уништената опрема за прислушување во УБК, но до тоа, сепак, нема да дојде по денешното укинување на пресудата од Апелација.
Оштетените граѓани кои, пак, биле предмет на прислушување, судот ги упати да бараат отштета во граѓанска парница.
Обвинителка во предметот беше Ленче Ристовска.