Во нашата држава се е парализирано поради митоманијата како нов налет на организиран криминал

Потпретседателката на Европарламентот, Каили е приведена во Брисел за потпуп и корупција. Грчките власти веднаш и го замрзнаа целиот имот.

Француската жандармерија поради нелегално финансирање кампањи ја тресе владејачката партија на претседателот Макрон.

Црногорскиот државен обвинител Чаџеновиќ е уапсен поради сомневање дека бил припадник на еден од мафијашките кланови.

Каква врска ова има со македонските состојби. Па се е исто, само правдата ја нема.

Разликата е што во нашата држава се е парализирано поради митоманијата како нов налет на организиран криминал. А тој не може да функционира ако неговиот капо не е во власта.

Од тука натаму, останува енигмата – зошто долета вашингтонската двојка на Елиот Нес?

Тајновито слетаа, инкогнито заминаа.

Пораките ги читаат Ковачевски, Ахмети и Мицкоски.

Американската дипломатија е едноставна – земи или замини.

Судството им е црнобело – виновен или не.