Божиновски: Јас сум против ветинг, со него сите судии се ставаат во иста кошница

„Хрватска стави приоритет на борбата против организираниот криминал. Аферите беа процесуирани, вродија со плод, ЕК даде позитивна оценка во борбата со организиран. криминал“ – вели Андреј Божиновски, асистент на Правниот факултет во Загреб во најновото издание на Трилинг

На прашање колку граѓаните веруваат во судството во Хрватска, тој вели дека „околу 39% од граѓаните имаат доверба во правосудството, за разлика од Македонија“.

„Јас сум против ветингот. Има ветинг во Албанија, имаше застој на судскиот систем. ЕК извлече заклучок да не го препорачува ветингот. Нема меѓународни инструменти за ветинг, неможе како да се поделат властите. Венецијанската комисија утврди дека е негативно решение затоа што е во конфликт со член број 6 од Европската конвенција за човековите права. Се упатува на тоа да нема ветинг како начин за прочистување на судството“ вели Божиновски.

Тој смета дека „има професионани судии, има судии кои не се подобни, но со ветингот сите се ставаат во иста кошница. Хрватска го следеше примерот на западните земји за прочистување на судиите“.