Фернандо Сантош: Со чисто срце заминувам од репрезентацијата
Довчерашниот селектор на фудбалската селекција на Португалија, Фернандо Сантош, ја коментираше одлуката да ја напушти функцијата. Веста беше официјално објавена во текот на вчерашниот ден.
„Со чисто срце заминувам од репрезентацијата. За мене беше голема привилегија да ја водам Португалија. Ги постигнав целите што си ги поставив. Сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери со кои работев овој период. Секогаш ги разгледував моите одлуки со интересите на тимот. Сега ќе бидам еден од милионите навивачи кои држат скрстени прсти за тимот“, изјави Сантош.
68-годишниот стратег застана на чело на Португалија во 2014 година. Под негово водство Кристијано Роналдо и друштвото го освоија ЕВРО 2016, а во 2019 триумфираа и во првото издание на Лигата на нации.
Медиумите во Португалија тврдат дека најверојатен наследник на Фернандо Сантош е „специјалниот“ Жозе Мурињо.