Во Железница Транспорт ,ЕВН ја исклучи струјата.Тоа беше како резултат на долг од 6.5 милиони евра.Но по неколку часа повторно им ја овозможи истата.
„Рано утринава се исклучени мерните места на МЖ Транспорт. Без снабдување останаа сите делови кои се напојуваат од Електродистрибуција. За Клинички центар се уште се чека гаранција од Владата. Доколку не се добие, ќе се продолжи со планот за исклучување.“- се наведува во одговорот на ЕВН.
Еден од нтеајголеми должници се и Клиничкиот центар во Скопје кој поради долг денеска требаше да остане без струја. Фатмир Битиќи денеска рече дека долгот на институциите за струја ќе се плати по пренамената од Буџетот, не требаат никакви други гаранции.
„Железници Транспорт“ велат дека нема струја во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес. Вкупниот долг на државните и јавни институции за струја е над 40 милиони евра. Долгот на Клинички за период од 3 години е повисок од 7 милиони евра.