(Видео) Се преврте автобус во Бугарија, загина жена

Тешка автобуска несреќа се случила меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново, дознава бугарска НОВА.

Според првичните податоци има најмалку еден загинат патник и повеќе од 19 повредени. Сите повредени се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград.

Жртвата е жена која се возела во возилото, потврди министерот за здравство, Асен Меџидиев.

Во автобусот патувале и четири деца. За среќа, тие не се повредени.

Инцидентот се случил нешто по 18 часот. Автобусот е со бургаска регистрација и превезувал 40 луѓе кои се враќале од патување во Грција. Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по свиок.