Обилни врнежи од дожд им создаваат проблеми на граѓаните на северот на Босна и Херцеговина, а особено тешка е состојбата во Сански Мост, Приједор, Козарска Дубица и Нови Град.
Во Сански Мост се излеаја две реки по што поплавени се бројни населени места, каде што водата навлегла во деловните објекти, пишуваат локалните медиуми.
Во текот на ноќта беше прогласена природна катастрофа и се огласија сирените откако нивото на водата на реката Сана достигна критична точка од 347 сантиметри.
Снимките од социјалните мрежи од синоќа покажуваат целосно потопени градски улици и населби. Денеска наутро водата се повлекла, иако мештаните се уште стравуваат од нови врнежи.
За екстремно високиот водостој на реките сведочат и снимките од Бихаќ и неговата околина.
Агенцијата за водено подрачје на реката Сава утринава соопшти дека во моментов се јавува вонредна хидролошка состојба на подрачјето на сливовите на реките Уна и Сана, пренесува Фена.
Во сливното подрачје на реките Уна и Сана на сите хидролошки станици е забележан пораст на водостоите. Постигнати се нивоата за почеток на известувањето на сите станици на сливот на реките Уна и Сана.