Украина е подготвена да ја гранатира територијата на Русија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој му се закани на рускиот колега Владимир Путин. Изјава ја потврди и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Алексеј Данилов.
„Подготвени сме на сè. Ако нешто се однесува на нашите интереси, никого нема да прашаме ништо за тоа каде да го победиме нашиот непријател. Нашиот непријател се протега од нашите граници сè до Владивосток“, рече тој.
Украинските сили го гранатираа брегот на Енергодар со оружје од голем калибар.
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да им обезбедат оружје со долг дострел, со цел, како што рече, „да ги уништат руските магацини и командни центри на земјата агресор“.