Припадниците на косовската полиција распоредени на административниот премин Јариње не дозволуваат сообраќај на возила.Некои регионални медиуми пренесуваат дека и на пешаците им е забранет премин.
Ваквата интервенција следува откако српските граѓани кои живеат во овој дел од земјата поставија блокади на дел од пристапите кон овој премин како одговор на денешното апсење на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.
Затворањето на преминот е поради безбедносни причини апелира косовската полиција.
Од таму ги повикаа граѓаните да не потпаѓаат на повици или евентуални провокации од криминални лица или групи, туку да соработуваат со косовската полиција, која ќе продолжи да се залага за безбедноста на сите граѓани без разлика, со изведување на осомничените лица пред лицето на правдата.