Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол,информираат од Хрватскиот институт за јавно здравје

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол,информираат од Хрватскиот институт за јавно здравје.

Таа е меѓу првите пет земји во Европската унија во однос на консумирање алкохолни пијалоци.

 

 

Психијатарот Крешимир Радиќ специјалист од Клиниката за психијатрија „Врапче“ , вели дека мажите трипати почесто умираат од болести поврзани со алкохолот.Консумацијата на алкохол рано во животот доведува до здравствени проблеми, така што програмите за лекување во здравствените установи вклучуваат луѓе од сите возрасни групи.

Алкохолизмот влијае на менталното здравје на целото семејство, кое страда социјално и психички поради членот кој пие.

„Семејното насилство не е невообичаено во такви семејства. Лекарите често се среќаваат со ситуации кога семејството повеќе не сака да има контакт со својот болен член кој пие, а тој е неспособен, со лошо физичко здравје и не може да се грижи за себе“, вели Радиќ.