Дојава за бомба е причината за евакуација на „Ист Гејт“, на ТЦ „Бисер“ и Транспортен центар

Освен дојави за бомби во седум средни училишта во Скопје, дојави за бомби имало денеска и за „Ист Гејт“, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар, информираше МВР.

„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“ велат од МВР.