Песков: Некои делови од Русија се „окупирани“, претстои работа на нивното ослободување

Кремљ соопшти дека руските сили сè уште имаат задача да ја вратат контролата врз териториите во источна и јужна Украина за кои Москва тврди дека и припаѓаат на Русија.

Москва прогласи припојување на четири украински региони кон Русија – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, но нема целосна контрола врз таа територија, наведува Ројтерс.

На прашањето дали Русија планира да анектира уште некои територии, освен тие четири области, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговори:

„Нема изјави во врска со тоа, но претстои многу работа за ослободување на териториите. Некои окупирани региони на Руската Федерација мора да бидат ослободени“.