Османи за американскиот тим за санкции: Самата Македонија побара САД да ни помогне во борбата против корупцијата

Самата Македонија побара САД да ни помогне во борбата против корупцијата – истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи .

Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата.

Меѓутоа, во однос на изјавата на Агелер во која вели „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за сеопфатен поглед на корупцијата во земјава и дека поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа.