Безмалку 12.000 новозаразени со Ковид 19 во Израел
Најголем број новозаразени со Ковид-19 во Израел е регистриран во последното деноноќие, најмногу поради сојот Омикрон, соопшти тамошната Влада.
Точно 11.978 случаи во последните 24 часа – најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходно на 2. септември лани имаше 11.345 позитивни, тогаш со сојот Делта.
63 проценти од 9,4 милионското население во Израел примило две дози, а 43 проценти примиле три дози вакцина против Ковид-19.
Таму од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години.