Откако грчка телевизија објави дека казино во Дојран наводно издавало фалсификувани сертификати за ковид-19, без притоа да наведе за кој објект станува збор, од македонското Министерство за внатрешни работи велат дека не добиле пријава за таквите наводи, но најавија дека ќе го истражат случајот.
ТВ „Опен“ во својот прилог објави дека случаите биле откриени во еден ден, откако на 45 лица на граница им бил направен анти-ковид тест, а девет од нив добиле позитивни резултати, иако на граничниот премин пристигнале со негативен наод.
МВР досега нема добиено пријава за наводите што беа објавени во грчки медиуми дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати.
„Досега МВР нема добиено пријава за ова, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното“ – се наведува во одговорот од МВР.