Лукаревска: Прогресивното оданочување се откажа бидејќи не треба да носиме проблематични решенија

„Прогресивното оданочување се откажа бидејќи не треба да носиме проблематични решенија, туку треба да поминат дебати со систе страни. Кога се носеше прогресивното оданочување, јас не бев доволно информирана за размислувањата, туку слушнавме на прес-конференција дека ќе влеземе во таква фаза“ изајви директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Како директорка на УЈП, таа ќе инсистира дебатата околу даноците да трае ако треба и две години, но да се донесе соодветна реформа со земени во предвид сите ставови и споредбени искуства.

Таа потенцираше дека даночната реформа сега нуди проширување на даночната основа.
Реформата ја засилува борбата против сивата економија и покажува праведност.

„Тоа е суштината на еден даночен систем – праведност, транспарентност и ефикасност во наплатата на приходите. Ова е мал сегмент од направеното во промените во даночните закони. Нема драстични промени што ќе значат дефокус на даночните обврзници“ изјави Лукаревска.

Директорката на УЈП кажа дека промените се во даночните олеснувања и ослободување со цел да се укинат одредени привилегии каде што не треба да има.