Пенов: Владата има механизам за запирање на блокадата на Скопје од приватните превозници

Пенов во дневникот на Сител изјави дека владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници на јавен превоз.

Кажа дека автобусите може насилно да бидат тргнати од улиците, но засега само ја следат ситуацијата.

„Еве, да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот“, потенцираше министерот.

Неговиот став е дека  јавниот превоз во Скопје не смеел да запре.

Ленин Јовановски пак, во вечерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.