Сегашната претседателка на Судскиот совет не може да каже како ќе го води судот – потенцираше Љубомир Михајловски – Џанго во емисијата 24 Анализа.
– Лично сум против тоа судија или обвинител тие функции да ги извршуваат ако се членови на политички партии. Тие по вокација ќе постапуваат по наредба на партијата. Јас сум извршувал повеќе функции, а не сум бил член на ниту една партија. Не сум имал никакви притисоци од владејачките партии. Мислам дека ако сакаме да имаме успех, таквите луѓе треба да се дистанцираат од нивните членства и партиските активности – изјави Михајловски.