Дамева негира дека била член на политичка партија, а фотографијата каде што позира со членовите на СДСМ и со Зоран Заев не значи ништо за неа и не е доказ дека била дел од СДСМ.
Претпоставувам се работи за фотографијата што излезе во јавноста на која сум сликана со одредени лица во политиката. Јас со мојата работа досега докажав дека не сум припадник никаде и ве уверувам дека пред мене единствено стои законот. Не може од било која фотографија да се стекне впечаток дека сум била дел од партија.
Ние како граѓани како интелектуалци како дел од овој систем сме симпатизери, гласачи на избори. Јас на избори уште од 18 години учествувам преку гласачкото ливче. И како претседател на судскиот совет имам право да гласам на избори, тоа не би требало да остави сомнеж – вели Дамева.
Таа ја наследи Павлина Црвенковска која поднесе неотповиклива оставка Советот.
Во соопштението што го испрати до медиумите за нејзината оставка, таа тогаш се пожали дека веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка со крајна цел да даде оставка затоа што нејзиниот избор за претседател не одговарал на група од „судската бизнис-елита“.
Дамева не знаеше за каква судска бизнис-елита се работи, но рече дека нејзин приоритет ќе биде сузбивање на корупцијата.
– Таа кованица за првпат ја слушнав од Павлина Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти тоа го кажува, но можеби се работи само за нејзина лична перцепција. Доколку претседател на Судски совет знаел за вакви релации морал да пријави, а вака се остава сомнеж во јавноста.
Мој личен приоритет е да успееме да направиме чекор напред во борбата против корупцијата. Злото наречено корупција мора да се сузбие и тука нема простување. Оној судија кој ќе биде корупмиран врз основа на докази за него ќе биде широко отворена вратата за излез од судсството. За корумпирани судии нема да има поправен испит – додаде Дамева.
Дамева во Судскиот совет беше избрана на предлог на претседателот на државата Стево Пендаровски.