Kако правилно се прославува Бадник и Божиќ!?

Зборот што симболизира Божиќ и Бадник и што треба да ве води е – љубов! Додајте на тоа малку слога и разбирање и ќе го добиете најрадосниот христијански празник. Па, има ли поубав и повесел поздрав од „Христос се роди!“?

Бадник

Денот пред Божиќ, 6 јануари, се вика Бадник. Со овој ден веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат), се пали оган и се пече месо. Жените месат колачи и торти и ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта.

Бадникова вечер

Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне мрак, домаќинот со синовите во домот носи баднак и слама. Вечерата е посна, најчесто се приготвува гравче, свежа или сушена риба, како и други посни јадења.

Денес, сите овие обичаи се приспособуваат на градската средина каде што нема ни оган, ни огниште, ни шума. Наместо големо дрво, се земаат дабови гранчиња и мала количина слама. Сето тоа пред Божиќ се става под славската икона. Потоа се палат свеќа и кандило, што симболизира оган и огниште, а куќата се кади со темјан.