Нема да се повтори судењето за случајот „Диво Насење“ во Куманово, решил Врховниот суд.
Од одбраната ова го сметаат за флагрантно прекршување на законот, бидејќи не се земени предвид доказите на одбраната.
Според објавата на тв Алсат, адвокатот Насер Рауфи смета дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.
„Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици“ – рече Рауфи.
Тој вели дека со оваа одлука може да се формира тим за правна помош од меѓународната заедница.
„Мислам дека согласно законот за кривична постапка, мислам дека може да се направи да се формираат тимови од обвинителството на Северна Македонија и земјите инволвирани во овој случај, Република Косово, Албанија и Германија каде што има државјани на овие држави” – додава адвокатот.
Одлуката на Основниот суд Скопје од 02.11.2017 е членовите на кумановската група обвинети за тероризам да се осудат на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Вкупно 37 луѓе се обвинети за тероризам, од кои 7 имаат казна доживотен затвор.