Избори во ЗНМ: Среќко Поповски од „360 степени“ со најмногу освоени гласови влезе во Управниот одбор

Доцна синоќа заврши пребројувањето на гласовите за членови на Управниот и на Надзорниот одбор, како и за Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Во новиот десетчлен Управен одбор на ЗНМ влегуваат: Среќко Поповски, Мишко Иванов, Маја Јовановска, Ристо Тасев, Искра Опетческа, Петар Клинчарски, Аслан Вишко, Трајче Илиевски, Сенат Зулбеари и Анета Блажевска, редоследно според бројот на освоени гласови.

За Управниот одбор имаше вкупно 24 кандидати. Нови претставници во петчлениот Надзорен одбор на ЗНМ се: Миомир Серафиновиќ, Сеад Ризвановиќ, Роберт Коцев, Мефаил Исмаили и Горан Симоновски. Пријавени беа вкупно девет кандидати.

Од 11 кандидатури, нови пет члена на Советот на честа при ЗНМ се: Саше Димовски, Огнен Јанески, Мира Костиќ, Емилија Мисирлиевски и Игор Стефаноски.

На годинашново изборно собрание на ЗНМ присуствуваа околу 500 новинари, сниматели и фоторепортери, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.

Членството го реизбраа новинарот Младен Чадиковски за претседател на Здружението. Toj победи во првиот круг од гласањето, со освоени 275 гласа, наспроти противкандидатот Марјан Николовски кој освои 119 гласа, и Фиљана Кока која ја поддржаа 53 делегати. 11 ливчиња биле неважечки од вкупно 458 гласа за претседател.