Вучиќ се премислува: Следните денови ќе одлучиме дали ќе одиме на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Откако вчера настапи со остар речник бесен на Европската Унија и беше дециден дека Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ и Западен Балкан закажан за 6 декември во Тирана, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска омекна во своите ставови.

По средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Белград, тој излезе со изјава дека сепак ќе размислат дали ќе учествуваат на настанот.

„Вархеји ме извести дека е многу важно Србија да биде застапувана во Тирана. Јас лично не сум сигурен дали тоа има смисла. Го почитувам мислењето на Вархеји, но и ставот на Ана Брбаниќ е дека треба да биде присутни во Тирана, и наредните денови ќе донесеме одлука“, изјави Вучиќ иако вчера ставот на Брнабиќ не беше како што наведува тој, туку таа порача дека нема поента Србија да учествува на самитите на ЕУ и да биле дел од таа „фарса“.

За потсетување, вчера тој им порача „на сите од Европа и Западен Балкан да одат на Самитот, да трескаат глупости и да ја обвинуваат Србија“ и ја прозва ЕУ дека треба да ѝ биде срам и оти тоа е само ситница од она што сака да ѝ го каже.

Денеска, на заедничката прес-конференција со Вархеји, српскиот претседател рече и дека по еврокомесарот го запознал со српското видување на ситуацијата на Косово и Метохија, каде што вчера лидерот на Прогресивната демократска партија Ненад Рашиќ беше именувам за министер во владата на косовскиот премиер Албин Курти, а Рада Трајковиќ беше назначена за советничка во премиерскиот кабинет. Нивното именување дојде откако министерот од Српската листа, која е поддржана од власта во Белград, како и други функционери решија да ги напуштат косовските институции поради спорот со регистарските таблички.

„Укажав на сè што се случува од почетокот на годината и како се рушеше можноста за разговор со Приштина. Се му кажав, и за Курти и за Трајковиќ и за Рашиќ. Го мислев тоа. Дали требаше да користам бирократски или дипломатски речник?! Можев, но така никој не би не слушнал“, рече Вучиќ.