Формула 1 нема да организира трка во Кина поради ковид-протоколите
Формула 1 нема да организира трка во Кина во наредната сезона. Ова е резултат на протоколите поврзани со коронавирусот кои неодамна стапија на сила.
Оваа недела беше потврдена оваа тажна вест за сите фанови на Кина. Трката во Шангај ја немаше на календарот од 2019 година.
„Формула 1 може да потврди, по разговорите со организаторите на трката, дека Гран При 2023 во Кина нема да се одржи поради тешкотиите предизвикани од протоколите за ковид-19 и актуелната ситуација. Формула 1 бара алтернативни решенија кои ќе бидат објавени во иднина“, стои во соопштението на Ф1.
Големата награда на Португалија се споменува како една од алтернативните решенија.