Весела Чернева – советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер на 2. јануари била во Скопје, јави националната БНТ.
Според информациите на бугарскиот медиум, таа дошла во Скопје по наредба на премиерот Петков, за да се подготви претстојната посета на бугарскиот премиер на Скопје месецов.
Петков најави дека откако новата Влада во С. Македонија ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер – Димитар Ковачевски.