Камчев излегува од притвор – Апелација ја прифати гаранцијата

Македонскиот бизнисмен Јордан Орце Камчев кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“ излегува од затворот „Скопје“ во скопско Шуто Оризари.

Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучил да ја прифати гаранцијата од безмалку 11 милиони евра, но сепак Судот ќе го задржи неговиот пасош.

Судот одлучил Камчев да се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“. Тој во моментов е на лекување во болницата „Систина“.

Прифатената гаранција е неколкукратно повисока од онаа што бизнисменот ја понуди во септември минатата година, од 1.8 милиони евра.

Со речиси иста гаранција и Сашо Мијалков непосредно пред Нова година излезе од затворот во Шутка.