„Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е функција на работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки“. Ова го изјави бугарскиот премиер – Кирил Петков за бугарската телевизија Нова. Тој изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни.
„Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно“ – дециден е Петков.
Прашан дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, бугарскиот премиер вели дека тезите претставени во документарецот се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и С. Македонија.
Петков потсети дека бугарската Влада се изјасни против филмот.
„Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“ вели Петков.