Епископ Бачки смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за црковното прашање

Епископот бачки Иринеј во интервју за српскиот неделник „Печат“ изјави дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање. Тој вели дека актуелната општа состојба во С. Македонија и духовната потреба на верниците поттикнува и повикува на дијалог како единствено исправен начин за решавање на проблемот.

„Сметам дека без оглед на овие негативни нуспојави, општата атмосфера кај нашите јужни соседи, а пред се неопходната духовна потреба овозможува продолжување на дијалогот меѓу нашата Црква и Црквата која е во раскол. И не само што го овозможува, туку нè охрабрува и не повикува на дијалог како единствен правилен и ефективен начин за надминување на овој повеќедецениски проблем. Единството на Црквата и нејзиниот канонски поредок се најголемиот Божји дар за нас и, истовремено, најважната задача и подвиг“ – вели тој.