Судири меѓу полицијата и демонстранти во главниот холандски град Амстердам. Се собраа поради воведените ограничувања против Ковид-19.
Градските власти, обвинителството и полицијата во Амстердам забранија протести против ограничувањата поради одбивањето на организаторите да гарантираат безбедно одржување на настанот. Тоа вклучуваше ограничување на бројот на учесници на 3.500 иако организаторите соопштија дека очекуваат 25.000 луѓе да учествуваат и да поминат низ градот.
Демонстрантите попладнево се собраа на Музејскиот плоштад и маршираа низ градот, бараа слобода и укинување на ограничувањата, особено на заклучувањето и отворање на продавниците и кафулињата.
До судири дојде затоа што дел од демонстрантите сакале да ја изменат маршрутата која властите им ја поставиле, па полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите.
Во Холандија се затворени сите барови, кафулиња, ресторани, продавници, кина, театри, музеи, спортски сали и други спортски центри. Затворени се и фризерските и козметичките салони, а нема ниту божиќни саеми.
Отворени се само продавниците за храна, аптеките, библиотеките, бензинските пумпи и автошколите. Училиштата се затворени, а на возрасните им е препорачано да работат од дома доколку е тоа можно.