12 случаи на Омикрон сојот во Бугарија

Кај 12 лица на различни возрасти во соседна Бугарија е детектиран сојот на коронавирусот – Омикрон, изјави главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев. Новиот сој бил откриен кај девет мажи и три жени, 7 од нив не биле вакцинирани, а другите 5 целосно имунизирани пред девет месеци.

За последите 24 часа во Бугарија имало 1.076 новозаразени со коронавирус. Податоците покажуваат дека само еден од заразените со новата варијанта на коронавирусот патувал во Британија, од каде неодамна се вратил.