Догодина државата ќе собере повеќе пари од даноци

Даночната реформа ќе го полни буџетот до година. Вкупно од даноци, акцизи и придонеси државата планира да собере 2 милијарди 644 милиони евра.

Во предлог буџетот кој веќе е доставен во Собранието, влада планира само од најавената даночна реформа, односно од зголемување на ДДВ да собере дополнителни 44 милиони евра, од  реформите кај данокот на добивка скоро 20 милиони евра , а од  данокот  на личен доход 11 милиони евра., или вкупно 75 милиони евра

Во проекциите на предлог буџетот, очекувањата на власта се дека од данокот на додадена вредност во државната каса вкупно ќе се слеат милијарда 276 милиони евра или 163 милиони евра повеќе отколку оваа година. Од каде ќе се собарат повеќе пари? Власта тврди дека нови даноци нема да се воведуваат. Но, дека најголем дел од производите и услугите  кои се даночеле со 5%, од нова година ќе имаат нова ставка – 10 отсто.. Кои се тие производи, се уште анализираат. Познато е само дека ДДВ кај сметките за струја од 5 ќе се зголеми на 10 отсто,  а од јули најверојатно ќе биде 18%. Се шпекулира  и дека ДДВ то за нови станови од 5 ќе изнесува 10 %, а истиот данок ќе важи и за хотелското сместување.

Реформатата кај данокот на личен доход  опфаќа оданочување на приходи на хонорарци и на капитални добивки. Од оваа ставка очекувањата се дека вкупно ќе се соберат 431 милион евра или 65 милиони евра повеќе отколку оваа година. Власта се уште не открива дали ќе се воведе прогресивниот данок , но врз зголемените бројки влијание има и очекуваниот раст на минамалната плата за 10% од март догодина. Со неа, се очекува пораст и на останатите плати, кои ќе ги зголемат приливите од овој данок. Се вовеува и данок на капитални добивки од хартии од вредност, однсно ќе се даночи довидендата, како и каматите на штедните влогови.

Од данокот на добивка пак , плановите на владата се да собере   239 милиони евра или  21 милион евра повеќе отколку оваа година. Во игра се враќа и зелениот данок, каде тие кои загадуваат повеќе – ќе плаќаат поголем данок. Во предлог буџетот стои дека со зеленото оданочување ќе се стимулираат даночните обврзници преку јавните давачки да придонесат за помало загадување.

Инаку предлог буџетот ќе се применува од следната година, а претходно треба да биде изгалсан од пратениците во Собранието.