Поранешниот американски претседател Доналд Трамп посочи дека ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, веќе следната недела, кога на политички митинг во Охајо изјави дека ќе даде „голема најава“ на 15 ноември.
„Ќе дадам многу голема објава во вторник, на 15 ноември во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида“, им рече Трамп на приврзаниците во понеделникот на митингот за републиканските кандидати пред денешните среднорочни избори во САД, според Ројтерс.
Американците денеска гласаат на избори кои би можеле да резултираат со преземање на контролата врз еден или двата дома на Конгресот од страна на републиканците.