Зеленски: Стотици Руси гинат секој ден во близина на Доњецк

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека регионот Доњецк на исток останува „епицентарот“ на борбите во конфликтот, при што стотици Руси гинат секој ден.

„Регионот на Доњецк останува епицентарот на најголемото лудило на окупаторите“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, пренесе Ројтерс.

„Стотици од нив се убиени секој ден. Тлото пред украинските позиции е преполна со телата на окупаторите“, додаде украинскиот претседател.