Главниот град на Шпанија – Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Новата година. Со тоа шпанската престолнина ќе е еден од ретките градови во Европа што, во услови на пандемија, на овој начин ќе го прослави влегувањето во новата 2022 година.
Претходно Берлин, Лондон и Париз ги откажаа традиционалните свечености, а на истиот чекор се одлучи и главниот италијански град – Рим.
Сепак, присутните во Мадрид, во центарот на градот ќе мора да носат маски за лице и да ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање, соопштија организаторите на прославата.
Во ситуација на пандемија и во обид да ги натераат луѓето да останат во своите домови, Барселона и Валенсија ги откажаа огнометите.